Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

Основачки акт и статут на МАОХ

Општи одредби:

Член 1.

Македонската Асоцијација за Органска Храна е Здружение на граѓани кои имаат прогресивна определба за унапредување на земјоделското производство во Република Македонија.

Член 2.

Името на здружението е Македонска Асоцијација за Органска Храна: МАОХ

Член 3.

МАОХ има статус на правно лице.

Член 4.

МАОХ е доброволно, невладино и независно здружение на граѓани,научници поединци и институции, како и деловни субјекти кои се залагаат за унапредување на производството, пласманот и употребата на здрава органска храна.. придужни членки на МАОХ можат да бидат и странски асоцијации и институции кои се занимаваат со органска храна. Нивните права и обврски се регулираат со посебен Акт кој го донесува Собранието на МАОХ.

МАОХ активностите ги насочува според регулативите за производство на органска храна во ЕУ, Канада и САД и сите свои акти ги ускладува и иновира во склад со прописите и праксата на споменатите држави и заедници.

Цели и срества :

Член 5

Примарна задача на МАОХ е да учествува во создавањето, да предлага, или да врши анализа и критика на постоечките и новите закони и прописи за производство и пласман на органска храна.

Цел е во Република Македонија органската храна да се произведува без употреба на најголем број од конвенционалните пестициди или ѓубрива со синтетичко потекло. За таа цел МАОХ ќе ги поттикнува производителите и дистрибутерите на храна да и даваат предност на органската храна, со што ќе се намалат опасностите по здравјето на граѓаните, особено на најмладата популација Со јавни кампањи, едукација, комуникативни и промотивни активности МАОХ ќе ја потврдува и унапредува својата улога како значаен фактор на граѓанското општество кој се бори за зајакнување и обезбедување на поефикасен пристап на производството и дистрибуцаијата на природната храна.

МАОХ ќе започне со активности за создавање на македонски центар за сертификација на органската храна, а во таа насока најтесно ќе соработува со надлежните државни, научни и други институции, пред се со еснафските здружениа на производителите на храна и пијалоци и со организациите за заштита на потрошувачите. На овој план МАОХ ќе обезбеди и широка меѓународна соработка и подршка на етаблираните институти за сертификација на храна со органско потекло.

Член 6.

Своите цели МАОХ ќе ги остварува преку :
- Организација на стручни состаноци, симпозиуми и тркалезни маси на кои ќе се утврдува актуелната состојба и ќе се предлагаат решенија за примена и унапредување на производство на органска храна,
- Организирање на Информативни центри и републички, регионални и локални Совети за промоција и практична примена на мерки за производство на органска храна,
- Воспоставување на меѓународни контакти за осознавање на искуствата од Европа и Америка во производството и дистрибуцијата на органска храна,
- Спонзорирање на акции за производство на органска храна во одделни региони на Република Македонија, особено во соработка со наставниците и учениците од основните и средните училишта,
- Покренување на непрофитен центар за сертификација на органски продукти,- Други со закон дозволени активности кои се директно и индиректно поврзани со афирмацијата и примената на производството на здрава храна.

Членство, права и задолженија :

Член 7.

- Член наМАОХ можат да бидат поединци и институции и здруженија кои покажуваат интерес за производство на органска храна од Република Македонија,
- Странски државјани и институции можат да членуваат во МАОХ како почесни членови, а како редовни можат да бидат примени само со посебна одлука на Собранието.

Член 8.

- Граѓаните кои сакаат да членуваат во МАОХ поднесуваат писмена пријава до Претседателот или Генералниот секретар на МАОХ,
- Молбата за членство во МАОХ, придружена сопрепорака на најмалку еден член на Претседателството се разгледува на првата наредна седница на Собранието,
- Новите членови се примаат со просто мнозинство од присутните членови на Собранието,
- Новите членови плаќаат членарина за една година од напред и добиваат членска книшка на МАОХ.

Член 9.

- Членството во МАОХ престанува ако членот ги прекршил ставовите од Статутот, или ако со своието делување ги загрозил основните цели и принципи на Аоцијацијата. Собранието носи одлука за исклучување со просто мнозинство на гласови од присутните,
- Член - оснивач може да биде исклучен само со општ консензус на оснивачите и членовите на претаседателството на МАОХ,
- Членството може да престане и со подавање писмена молба до Претседателот на МАОХ.

Член 10.

Секој член на МАОХ има право:
- Да присуствува и гласа на седниците на Собранието,
- Да доставува предлози за дневниот ред, пред свикување на Собранието,
- Да ги изнесува своите ставови по поставени прашања и задачи,
- Да избира и да биде биран во раководните органи на МАОХ.

Член 11.

Членовите на МАОХ се должни:
- Да го почитуват Статутот на МАОХ,
- Да дејствуваат соодветно на решенијата на раководните органи на МАОХ,
- Да работат за остварување на поставените цели и задачи,
- редовно да плаќаат членарина.

Член 12.

- Почесните членови имаат право да присуствуваат и дискутираат на седниците на Собранието, без право на глас,
- почесните членови можат да бидат исклучени ако го прекршуваат Статутот или не делуваат во рамките на договорените акции на МАОХ,
- почесните членови престануваат да бидат тоа со одлука на Собранието,или со сопствена писмена изјава.

Органи на МАОХ

Собрание на Асоцијацијата

Член 13.

- Собранието на Асоцијацијата е највисок орган на МАОХ, кое се состои од сите членови и се состанува по потреба, најмалку еднаш во три месеци,
- Свикувањето на Собранието на МАОХ се најавува најмалку седум дена пред одржувањето,
- Собранието на МАОХ го свикува Претседателот или Претседателството, преку писмени лични покани или преку јавна објава, со посочен дневен ред на Собранието, ден, час и место на одржување,
- Го избира претседателот на МАОХ со мандат од три години,
- Го избира Претседателството и генералниот секретар на МАОХ.

Член 14.

- Собранието на МАОХ се смета за важечко ако присуствува најмалку половина членови од сите членови на МАОХ,
- На седниите на Собранието секој член има право на еден глас. Не се допушта гласање со полномошно,
- За решенија со кои се предлага измена на Статутот и другите оснивачки акти потребно е двотретинско мнозинство на гласови од сите членови на МАОХ.

Член 15.

- Собранието на МАОХ еднаш годишно, најдоцна до 15-ти декември во тековната година, прави преглед и анализа на активностите и остварените цели и ги планира најважните активности за следната година
- Собранието го разгледува и усвојува финансискиот извештај за тековната година и донесува план за финансирање на активностите во наредната година,
- Собранието ја утврдува висината на членарината и минималниот износ на донации и дотации за конкретни активности.

Претседателство на МАОХ

Член 16.

- Претседателството на МАОХ се избира на редовно Собрание на МАОХ, со мандат од три години,
- Претседателството на МАОХ сго сочинуваат Претседателот, потпретседателот и Генералниот секретар на МАОХ и четири члена, од кои најмалку двајца се од посебните Совети на МАОХ,
- Седниците на Претседателството ги свикува претседателот на МАОХ,
- Претседателството ги има и следниве специфични задачи:

а. Ги иницира седниците на Собранието на МАОХ,
б. Ги решава и следи извршувањето на оперативните задачи на МАОХ и нејзините тела,
в. Ги исполнува решенијата донесени на Собранието,
г. Ги распределува буџетските средства на МАОХ,
ѓ. Го назначува и разрешува благајникот на МАОХ.

Член 17.

- Претседателството одлучува на редовни или вонредни седници. Редовните седници се одржуваат еднаш месечно, а вонредните по потреба ги закажува Претседателот,
- Претседателството донесува одлуки за сопствени или мешовити претпријатија за вршење дејности,
- Претседателството одлучува за формирање ограноци и стручни Совети на МАОХ и именува одговорни лица во нив,
- Врши други работи согласни со Статутот, или утвредни9 од Собранието на МАОХ.

Секретаријат на МАОХ

Член 18.

- Секретаријатот на МАОХ го именува Претседателството на МАОХ, а го сочинуваат од три до пет лица. Генералниот секретар и благајникот се автоматски членови на секретаријатот,
- Секретаријатот се грижи за техничка организација на активностите, води документација за нив и го извршува финансиското и материјалното работење, согласно на одлуките и задачите од Претседателството и Претседателот на МАОХ,
- Генералниот секретар ја координира работата на стручните Совети, ограноците и подрачните единици на МАОХ и поднесува редовни месечни извештаи за нивната работа.

Претседател на МАОХ

Член 19.

Претседателот на МАОХ:
- Ја претставува МАОХ пред трети лица во земјата и во странство
- Раководи со Претседателството на МАОХ,
- Ги потпишува актите на МАОХ,
- Ги спроведува одлуките, или прераспределува задолженија за нивно извршување, донесени од Собранието и Претседателството на МОАХ,
- Претседателот е потписник на жиро сметката на МАОХ,= За својата работа одговара пред Собранието на МАОХ,
- Ополномоштува други членови да ја претставуваат и застапуваат Асоцијацијата во земјата и во странство.

Финансиски средства

Член 20.

МАОХ се финансира преку:
А. Членски надоместок, определен со Одлука на Собранието,
Б. Спонзорство и подароци од трети лица, ако не е проследени со услови кои не противречат на Статутот на МЕАФ,
В: Субвенции од државата
Г: Приходи од издавачка и пропагандна дејност,
Д: Приходи од изготвување на анализи и подготовки на стручни материјали и сертификати од областа на органското производство на храна
Ѓ: Приходи од дејност создадени од трговски или услужни претпријатија, или агенции создадени со одлука на МАОХ,
Е: Други со закон дозволени приходи.

Член 21.

- Буџетот на МАОХ го изготвува Секретаријатот во соработка со Претседателот. Предлог-буџетот го одобрува Претседателството, а го усвојува Собранието на МАОХ,
- Обезбедените буџетски средства се расходуваат во содејство со усвоениот Буџет.

Други, завршни, одредби

Член 22.

- Седиштето на МЕАФ е во град Скопје, Бул.АВНОЈ 114-2

Член 23.

- Мaoф се формира на неопределено време.

Член 24.

- МЕАФ има печат и амблем. Амблемот се утврдува со одлука на Собранието. Правата на амблемот принадлежат исклучиво на МАОХ.

Член 25.

Во случај на расформирање на МАОХ целокупниот имот ќе припадне на Факултетот за земјоделство, шумарство и храна.

Член 26.

За сите други ненаведени работи во Статутот решава Претседателството на МАОХ, според законската регулатива.

Извор: maof