Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

Зошто да се конзумираат органски производи?

Затоа што се здрави за Вас и вашето семејство:


- содржат корисни и хранливи материи
- богати се со витамини, минерали, антиоксиданти и други биолошки активни материи

Затоа што се безбедни:

- не содржат материи штетни по здравјето (остатоци од пестициди, тешки метали, хормони, ветеринарски препарати, микотоксин)
- содржат помало ниво на нитрат и нитрит
- не содржат синтетички адитиви и препарати

Затоа што се пријатели на животната околина:

- потекнуват од одржливо производство
- не содржат синтетичко-хемиски заштитни средства и вештачки ѓубрива кои ја загадуваат животната средина, земјата, воздухот, површинските и подземните води,
- го чуваат биодиверзитетот
- приоритет имаат обновливите извори на енергија
- потекнуваат од затворен циклус на производство кој е во хармонија со природата.

Затоа што се пријатели на животните:

- животните се одгледуваат во природни услови
- придонесуваат за доброто на животните

Затоа што имаат подобар технолошки квалитет

- поголемата содржина на сува материја овозможува подобро одржување на производите во текот на транспорт,
- при преработката се троши помалку енергија

Затоа што имаат поголема биолошка вредност

- производсвото во хармонија со законите на природата на производот му дава повеќе животна сила која директно е одговорна за имунитетот и виталноста на човечкиот организам.

Затоа што имаат одличен вкус, боја и арома.

Извор: USDA