Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

Што е органско производство?

Растечката потреба за храна доведе до развој на земјоделството првенствено потпирајќи се на примена на хемиски средства и механизација. Прекумерната, неконтролираната, често и нестручна употреба на хемиски инпути (ѓубрива и средства за заштита на растенијата) во конвенционалното производство, со цел остварување што поголеми приноси и профит, предивика намалување на квалитетот и плодноста на земјиштето. Покрај тоа, често се занемарува квалитетот и безбедноста на храната по здравјето на луѓето и животните, како и основните принципи за заштита на екосистемот и агроекосистемот.

Органското земјоделство ефикасно ги решава овие проблеми, затоа што нуди похуман начин на производство на храна, во прв план ги става здравјто на човекот и ја почитува природната еколошка рамнотежа избегнувајќи загадување на околината.

Органското земјоделство е насочено кон иднината и на понатамошен развој не само од аспект на заштита на животната средина и унапредување на здравјето на луѓето, туку и од аспект на економски просперитет. Органското производство на храната се темели на билошката контрола и исфрлање од употреба на тешките хемиски средства. Тоа значи здрава земја, семе кое не е третирано хемиски, наводнување со чиста вода и забрана за употреба на какви било хемиски средства за прскање.