Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

Што е органски производ?

Oрганскиот производ е квалитетна и безбедна намирница од одржливо производство.

Обработливата земја е најголемо природно богатство на секоја нација. Земјата обезбедува хранливи материи за растенијата. Органските материи во вид на хумус и на милијарди микроорганизми ја прават земјата жива и способна природно да се регенерира преку долг временски период и да ги обезбеди сите хранливи материи, макро и микроелементи за потребите на растенијата.

Современото земјоделство кое користи синтетички хемиски соединенија, за ѓубрење и заштита на растенијата, го пореметува хармоничниот живот на земјата, а со начинот на обработка се расипува структурата која е подложна на разни видови ерозија (ветар, вода, сонце).

Наспроти тоа, органското производство обезбедува хармонично управување со хранливите материи, а резултатот е вкусен, здрав ОРГАНСКИ ПРОИЗВОД со висока хранлива вредност, богат со макро и микроелементи и витамини.
Поради тоа, редовно конзумирање на органски производи придонесува за зачувување и подобрување на здравјето и спречување на појава на болести.

Значи, ОРГАНСКИОТ ПРОИЗВОД е резултат на органско производство кое се одвива со примена на агротехнички мерки кои ја исклучуваат употребата на синтетичко - хемиски средства.

Називите „органски“, „биолошки“ и „еколошки“ се синоними за означување на производи добиени по методи на органско производство. Секоја земја се определува за еден од називите или кратенка која се користи во праксата. Во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Данска и Шведска се користи изразот еколошки производ.

Велика Британија, САД, Австралија, Босна и Херцеговина, Албанија и Србија во законската регулатива и пракса го користат називот органски производ, исто како во Македонија.

Терминот биолошки производ се употребува во Германија, Холандија, Франција, Италија, Португалија и Грција. Со ознаката „Деметер" се обележува биодинамички производ при чие производство освен методите за органско производство се користат и биодинамички препарати и се земаат предвид вселенските влијанија.