Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

Четврта смотра на органска храна

Скопје, 31 мај 2014  - Македонски производители на органска храна се претставија на Фестивалот на органска храна и здрав начин на живот што се одржа денеска под покровителство на Град Скопје, а во организација на Здружението за организирање настани „Подиум Скопје’’.

Учесниците на  фестивалот ставија акцент на унапредувањето на здравјето  и создавањето здрави навики на сегашните и на идните генерации.

Производителите на органска храна сметаат дека Македонија има идеални услови за производство на органска храна, но оти е потребен поголем маркетинг.

На годинешната четврта по ред манифестација за органска храна, повеќе од 15-тина производители на органска храна ги промовираа своите нови производи.

Според производителите и покрај тоа што ова производство е поскапо од конвенционалното, сепак е се побарно на светските пазари.

Освен дегустација на органска и здрава храна, во рамките  на Фестивалот беа организирани работилници за јога за деца и возрасни, работилници со познати нутриционисти околу здравиот начин на исхрана и воспоставување  баланс помеѓу телото и умот, се со цел граѓаните и  посетителите на градот Скопје да се запознаат со сите предности кои ги носи користењето на органската и здравата храна.

Извор: MIA

Назад