Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

За ГМО во ЕУ ќе одлучува секоја држава посебно

Во сите степени на европската администрација, што се надлежни за донесување и усогласување на прописите, денеска заврши процедурата за прецизирање на прописите за употреба на ГМО производите во рамките на ЕУ. Според завршениот текст, кој во јануари идната година треба да го потпише претседателот на Европската комисија Жан - Клод Јункер, на државите членки на ЕУ се остава сами да решат дали ќе воведат забрана или рестрикции за одгледување на храна која содржи генетски модифицирани организми. Според сегашните правилана ЕУ, што се дел од заедничката аграрна политика, производителите на храна имаа право да тужат некоја држава, членка на Унијата, ако им забрани примена на ГМО. Најголем поборник за воведување на новиот пропис, претседателот на Комитетот за заштита на човековата околина Џовани Ла Риа, изјави дека ваквиот став на ЕУ ќе им дозволи на жителите на повеќе европски држави да го избегнат прислното присуство на генетски модифицирана храна, иако тоа не го сакале ни граѓаните, ни властите во тие држави.

Извор: MIA

Назад