Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

И од Опра се бара почитување на органското

Американците бараат Опра да не рекламира опасна храна

Њујорк,  ( МИА ) – Десетици илјади американски граѓани за само три дена ја потпишаа петицијата со која се бара познатата водителка Опра да ја запре рекламата на мултинационалната компанија Монсанто. Причина за оваа петиција се неколкуте скандали предизвикани од употреба на хербициди и пестициси што го произведува Монсанто, а за неколку производи од оваа компанија беше утврдено дека предизвикуваат опасни болести.

Организацијата „ Фуд инетгрити ’’, која ја покрена кампањата за собирање потписи, ја потсетува Опра дека токму таа е еден од популарните афирматори на здравата храна. Опра на својата голема фарма на Хаваите произведува органска храна и доста заработува од производите што го носат името „  Опра органик храна и козметика’’.

Според   „Фуд интегрити’’ компанијата Монсанто лани потрошила над 10 милиони долари за кампања за враќање на своето реноме, а добар дел од парите отишле на сметка на Опра, односно нејзиното списание „ О магазин’’, кој како и нејзиното шоу има големо влијание на мислењето на просечните американци. 
 

Извор: MIA

Назад