Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

Данска е европски лидер во производство на здрава храна

 

Данска е водечка европаска земја во однос на производството на органска храна по глава на жител, а во однос на расположивите обработливи површини, од кои над 9 посто се сертифицирани како органски, оваа држава го зазема првото место во светот.

Данска е и голем извозник на органска храна. Лани во повеќе европски држави, но и во Кина и САД, оваа држава со 5,6 милиони жители и 1.469.000 хектари обработливо земјиште има остварено извоз од 306 милиони евра.

Данска е позната како голем производител и извозник на органско млеко и месо, јајца и моркови. Иако сегашните прописи на ЕУ се прилично ограничувачки во однос на квотите за земјоделско производство во земјите членки, данската влада најави дека максимално ќе ја субвенционира програмата според која во 2.020 година најмалку 15 посто од земјоделското производство ќе биде органско. ма

Извор: MIA/ma

Назад