Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

Програма за работа во 2007 година

На оснивачкото собрание на Македонската Асоцијација за Органска Храна ( МАОХ ) едногласно беше усвоена програмата за работа на Асоцијацијата во 2007 година:

1. Како единствена невладина организација од овој сектор која го има правото да го употребува атрибутот “Македонска“, Асоцијацијата ќе преземе обврска да изготви адаптација на Законите и прописите за производство и промет на органска храна на Република Македонија со соодветните Закони и нивните иновации, како и прописи на Европската Унија.

2. Научниот Совет ќе ги започне активностите за организирање на Македонски центар за сертификација на производи со органско порекло.

3. Советот за меѓународна сорабтко ќе воспостави комуникација и разменува искуства со слични асоцијации од земјите членки на ЕУ, како и САД и Канада и ќе изготви посебна програма за презентација на достигнувањата и можностите за нивна примена во Република Македонија. По формалното добивање на статут на Македонска асоцијација, што веќе е сторено, МАОХ ќе аплицира з членство во IFOAM ( светска организација на асоцијациите, групациите и фирми од областа на производството и прометот на органска храна ). МАОХ ќе обезбеди и соработка со повеќе национални и регионални асоцијации во Европа, Северна и Јужна Америка и Австралија

4. Советот за сорабтка со владини институции ќе ја презентира програмата за работа на МАОХ пред институциите на Владата на РМ и од нив ќе побара финансиска подршка на активностите на МАОХ,

5. Претседателство на МАОХ ќе организира медиумска презентација на Асоцијацијата во централните и локалните средства за информирање. Во соработка со сродни институции и НВО ќе започне кампањата за привлекување на замјоделците и сточарите за ориентација кон производство на прехранбени производи кои ќе бидат класифицирани како органски.

6. МАОХ ќе подготви и печати книга за производството на органска храна. Книгата треба да биде едноставен и лесно приемлив приказ за можностите за производство на органска храна во светот и да ги најави македонските можности. Книгата треба да се испечати во поголем број примероци ( над 5.000 ) и да биде бесплатна, или лесно достапна по цена, за да може да допре до сите заинтересирани, особено до помладите фармери.

7. Во почетокот на септември ќе профункционира ВЕБ- сајтот на МАОХ. Во почетокот сајтот ќе има текстови на македонски и англиски јазик, а набрзо треба да се направи и тим кој ќе ја подготвува страницата на албански јазик. ВЕБ-от треба да биде атрактивен и на популарен начин да ги пренесува искуствата и можностите од сферата на производство на органса храна.

8. Со обезбедување на финансиски средства од донации, или од сопствените активности МАОХ ќе отвори и канцеларии за популаризација на производството на органска храна, напрвин во Скопје, а потоа најбрзо во регионите погодни за актуелизирање и спроведување на програмите за производство на органска храна.

ПОСЕБНИ АКТИВНОСТИ:

МАОХ ќе организира прес-конференции и трибини на кои најдобрите познавачи на производството и прометот на органска ќе ја популаризираат идејата за апликација на органската храна во Македонија. Трибините ќе се користат и за популаризација на акцијата за “ Чиста Македонија“ и организација на лоби групи и “јавни чувари“ на заштитата на животната средина. Советот за соработака со еколошките организации и асоцијации ќе изготви посебна, јасно дефинирана и сеопфатна програма за оваа акција, која ќе стартува во почетокот на септември 2007. година.

Скопје, јули 2007. Претседател на МАОХ
Живко Георгиевски

Назад