Maof logo
Macedonian association for organic food image
Organska hrana slika 1 Organska hrana slika 2 Organska hrana slika 3 Organska hrana slika 4 Organska hrana slika 5 Organska hrana slika 6

Предлог на проект за прв акционен план за органско производство на храна и адаптација на македонското со законодавството на ЕУ

Основна цел на проектот е да се утврди и анализира компатибилноста на законите и прописите за органско производство на храна, донесени или планирани за донесување во Република Македонија, со регулацијата на ова прашање во Европската Унија.Анализата и пррложената адаптација на законите и прописите ќе придонесе за создавање Програма за маркетиншка кампања на можностите за трансформација на македонското земјоделско производство од класично во производство кое ќе може да биде сертифицирано како „ органско“ и пласирано во земјите на ЕУ, САД и Канада.

Посебен дел на Проектот ќе биде истражувањето на пазарните услови и прописи за пласман на органски произведена храна во земјите членки на ЕУ од страна на т.н. „ трети земји“, во која категорија сега спаѓа и Република Македонија. Овој дел на Проектот е особено значаен поради посебните законски прописи во рамките на ЕУ и на земјите-членки одделно со кои мора да биде усогласена македонската регулатива и праксата на производителите.тоа е еден од основните услови за учество на македонските производители на органска храна на странските пазари. Проектот ќе опфати и анализа на државното и невладиното учество во стимулирањето и финансирањето на органското производство на храна. Анализата ќе овозможи создавање на базна агенда на република Македонија за пристап и дистрибуција на фондовите на ЕУ и одделни држави членки кои се издвојуваат за поттик и унапредување на производството на органска храна.

Проектот ќе содржи и аналитички приказ на пристапот на повеќе држави кон прашањата за започнување и стимулирање на производството на органска храна. Анализата ќе укаже и на можностите на одделни гранки, или региони, за соработка со асоцијации, комори и слични регионални здруженија од Европа.

Покрај поефикасното извршување на задачите од процесот за пристап на Република Македонија во полноправно членство со Европската Унија, проектот ќе ги даде и основните насоки за можните форми на неопходното администрирање во процесите за подготовка на производство, организирање на производителите и нивните релации со државната администрација и со соодветни меѓународни институции. Ваквиот пристап е соодветен и со актуелниот План за Заедничка Политика во Агрикултурата / ЦАП / , документ на кој ЕУ му дава извонредно значење и соодветна финансиска подршка.

Носители на Проектот:се група универзитетски професори и раководството на МАОХ, како и соработници, експерти од областа на маркетинг и производство на органска храна и соодетни експерти за популаризација и медиумски кампањи.

Скопје,август 2007

Назад